Петок Сабота Недела Понеделник Вторник Среда Четврток
. : English : .
 
   MTF оваа година
 
  Награди за Животно дело
 
  Добитници на наградата за животно дело
"Војдан Чернодрински"
  Димче МЕШКОВСКИ (1945), актер
 

Димче Мешковски, годинешен добитник на наградата за животно дело својот професионален век од 1967 до 2001 година го поминал во Драмскиот театар во Скопје. Пред тоа настапува со повеќе аматерски театарски групи. Учествувал и во емисиите на Радио Скопје, ТВ, ревијални, кабаретски, концертни и други видови презентации.

Има реализирано голем број улоги на куклената, детската и вечерната сцена, а највпечатливи се: Гртко во “Педаче”, Деофило во “Две врчви вода”, Бег во “Свадба”, Феројан во “Болва в уво”, Тасе Свирачо во “Јане Задрогаз”, Баш Челик во истоименото дело, Секула во “Солунски патрдии”, Јеротие во “Сомнително лице”, Тасе во “Викенд на мртовци”, Мереја во “Калигула”, Марко во “Собирен центар”, Илија Чвор во “Балкански шпион” и многу други. Всушност, “Солунски патрдии”, “Викенд на мртовци”, како и “Бегалка”, “Свадба” и “Рибарски караници” во кои Димче Мешковски, исто така, учествува, се и најдолговечните претстави на Драмскиот театар.

Мешковски го толкуваше ликот на Сивиќ во претставата “Диво месо” од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, претстава која е добитник на најголем број награди во историјата на фестивалот Стериино позорје во Нови Сад. Тој живееш е со својата улога, било да говори или да молчи, никогаш рамнодушен или отсутен, бидејќи тој само така можеш е да го толкува циничниот лик, истовремено бранејќи се и напаѓајќи, лукав и со непроѕирна маска на лицето. Тој израз не доаѓаш е од актерската техника на Димче, туку се развиваш е постојано и природно. И во најострите пресврти се чувствуваш е неговата непосредност која исто така излегуваш е од истиот душевен вруток.

Неговата креативност е присутна и во претставите “Вишновата градина” од Чехов, “Васа Железнова” од Горки, “Зојкиниот стан”, “Пантаглез” и други.

Димче Мешковски улогите ги прифаќа не како соло партии, туку како дел од целината. Тој остава впечаток на природност и проживеаност не само на својот лик, туку и на целата сцена. Пристапот му е секогаш креативен - и кон симпатичните и кон оние помалку симпатични улоги. Одличен пејач е и на сцена и на маса, со шише пиво по претставата. Духовит, набиен со приказни, вицеви, досетки, со завидлив шарм му носеше слава и почит на актерот, исто толку колку и на театарот. Тој е актер со широк дијапазон - од комедија до трагедија. Варијациите на фантазијата, темпераментот, гласот, галеријата типови помеѓу двата пола на драмата и глумата, се сведоци за мноштвото негови дарови и квалитети.

Да се настапува во претстави за деца за него беше поодговорно, отколку настап во претставите за возрасни и тоа без трошка предрасуди и комплекси. Неговите улоги во претставите за деца “Две врчви вода”, “Баш челик”, “Шекспир во приказни”, “Чук, чук Стојанче”, “Мустаќите на генералот Рококајко” ги радуваа децата и мамеа насмевки на нивните лица и среќа во нивните очи како во Скопје, така и во Македонија и ширум просторот на некогашна Југославија. Детските претстави беа пречекувани на Фестивалот на детето во Шибеник со бурни ракоплескања и извици “Браво”, “Браво Македонци”. Тој бран позитивна енергија го зафаќаш е ансамблот, кој со по некоја солза радосница во очите делеше несебична радост. Тоа беше триумф на Коле Ангеловски, Димче Мешковски, Владимир Ангеловски, Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Стево Спасовски, Снежана Михајловиќ, Снежана Стамеска и други.

Како учесник, заедно со група актери, на Радио Скопје во “Веселата емисија”, “Хихирику” како и на телевизијата, Мешковски ги совлада и тајните на камерата и микрофонот.

Да напишам нешто за наградениот, прави да се чувствувам не пред помалку тешка задача, отколку што Димче Мешковски се наоѓал создавајќи го своето театарско име кое денес се потврдува со наградата.

Квалитетите кои го красат Мешковски се гримасата, виртуозното подржавање, импровизацијата, отменоста, духовитоста, острината на интелигенцијата која го нагласува изразот и овозможува авторитетност, како и вулканскиот темперамент, прекрасниот глас. Тој се вбројува во македонските актери со чудотворна внатрешна енергија, со голема душа отворена да се соживее со сите души на ликовите кои ги толкувал на сцената, и тоа онакви какви што се, подготвен да сфати, да прости, да поддржи, помогне. Ми се чини дека тоа е вештината на објективната и хумана глума, тоа е тајната за се она што на сцената го постигна Димче Мешковски.

Овогодишната награда за животно дело на МТФ “Војдан Чернодрински” ќе биде придодадена на веќе многубројните признанија и награди, како и онаа за улогата на Тасе во претставата “Викенд на мртовци” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, доделена на истиов фестивал.