Петок Сабота Недела Понеделник Вторник Среда Четврток
. : English : .
 
   MTF оваа година
 
  НАСЛОВНА
 
 
МАКЕДОНСКИ
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
ПРИЛЕП


 
09.05.2017 Усвоена програмата за 52 МТФ
Собранието на фестивалот ја усвои предложената програма на уметничкиот директор. Во официјалната програма на 52-то издание на фестивалот ќе бидат прикажани 12 претстави: „Тартиф“ на Македонски народен театар - Скопје, „Венецијанскиот трговец“ на Драмски театар - Скопје, „Трудна приказна“ на Театар „Комедија“ - Скопје, „Ана Комнена“ на НУЦК „Ј.Х.К Џинот“ - Театар Велес, „Вечера на ронките“ на Албански театар - Скопје, „Отело“ на Турски театар - Скопје, „Лазаревото писмо“ на НУЦК „Ацо Шопов“ - Народен театар Штип, „Злосторство и казна“ на Народен театар - Битола, „Џон Габриел Боркман “ на НУЦК „Антон Панов“ - Театар Струмица, „Хај фај“ на НУЦК „Трајко Прокопив“ - Театар Куманово, „Аналфабет“ на НУЦК „Григор Прличев“ - Театар Охрид, „Фигурае венерис хисториае (Љубовни пози на историјата)“ на Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. Фестивалот ќе се одржи во периодот од 9 до 16 јуни 2017.