Петок Сабота Недела Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
. : English : .
 
 
  НАСЛОВНА
 
 
МАКЕДОНСКИ
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
ПРИЛЕП


 
10.05.2013 Усвоена програмата за 48 МТФ
Собранието на фестивалот ја усвои предложената програма на уметничкиот директор. Во официјалната програма ќе бидат прикажани 13 претстави: „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ на Драмски театар од Скопје, „Изгубени Германци“ на Македонскиот народен театар од Скопје, „Женидба“ на Театар Комедија од Скопје, „Ноќите во бел сатен“ на театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес, „Шекспир во приказни“ на Турски театар од Скопје, „Змејовата невеста“ на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Травничка хроника“ на Народен театар Битола, „Прст“ на Албански театар Скопје, „Малограѓанска свадба“ на Театар „Глигор Прличев“ од Охрид, „Гнида“ на Тетовскиот театар, „Парови“ на театарот „Ацо Шопов“ од Штип, „Не чукај блиску до срцето“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица и „Духот на слободата“ на театарот „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Годинешниот, 48ми по ред, МТФ ќе се одржи во периодот од 07 до 14 јуни 2013.

10.05.2013 Избран добитникот на наградата за животно дело
Собранието на фестивалот одлучи награда за животно дело да му додели на режисерот Љубиша Георгиевски.