Петок Сабота Недела Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
. : English : .
 
 
  НАСЛОВНА
 
 
МАКЕДОНСКИ
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
ПРИЛЕП


 
07.05.2015 Усвоена програмата за 50 МТФ
Собранието на фестивалот ја усвои предложената програма на уметничкиот директор. Во официјалната програма на 50-тото јубилејно издание на фестивалот ќе бидат прикажани 13 претстави: „Електра“ во изведба на Македонски народен театар - Скопје, „Безљубни“ на Драмски театар - Скопје, „Многу врева за ништо“ на Театар Комедија - Скопје, „Приказни од шестиот кат“ на НУЦК „Ј.Х.К Џинот“ - Театар Велес, „Предавање“ на Албански театар - Скопје, „Сон на летната ноќ“ на Турски театар - Скопје, „Хотел ни на небо ни на земја“ на НУЦК „Ацо Шопов“ - Народен театар Штип, „Иванов“ на Народен театар – Битола, „Залудни маки на љубовта“ на Тетовски театар, „Крвави свадби“ на НУЦК „Антон Панов“ - Театар Струмица, „Мајка храброст“ на театарот „Трајко Прокопиев“ од Куманово, „Детектор за лаги“ на Театар „Глигор Прличев“ - Охрид и „Сон на летната ноќ“ на Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.
Фестивалот ќе се одржи во периодот од 12 до 19 јуни 2014.

07.05.2015 Избрани добитниците на награда за животно дело
Собранието на фестивалот одлучи награда за животно дело да им додели на Јелена Лужина – театролог и актерите Мето Јовановски и Благој Чоревски.