Четврток Петок Среда Вторник Понеделник Недела Сабота Четврток Петок
. : English : .
 
 
  НАСЛОВНА
 
 
МАКЕДОНСКИ
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
ПРИЛЕП


  
 
09.05.2016 Усвоена програмата за 51 МТФ
Собранието на фестивалот ја усвои предложената програма на уметничкиот директор. Во официјалната програма на 51-то издание на фестивалот ќе бидат прикажани 13 претстави: „Име“ во изведба на Театар „Комедија“ - Скопје, „Животот е прекрасен“ на Македонски народен театар - Скопје, „Јов“ на Драмски театар – Скопје, „Старицата од Калкута“ на НУЦК „Ј.Х.К Џинот“ - Театар Велес, „Арсеник“ на Албански театар – Скопје, „Прометеј“ на Турски театар – Скопје, „Суд“ на НУЦК „Ацо Шопов“ - Народен театар Штип, „Кралски игри“ на Народен театар – Битола, „Ни ќар ни зијан“ на НУЦК „Антон Панов“ - Театар Струмица, „Ревизор“ на театарот „Трајко Прокопиев“ од Куманово, „Парламентарки“ на Театар „Глигор Прличев“ – Охрид, „Ајнштајновите сништа“ на Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп и „Медеја“ на „Интернационалниот фестивал на античка драма - Стоби“.
Фестивалот ќе се одржи во периодот од 10 до 17 јуни 2016.

09.05.2016 Избрани добитниците на награда за животно дело
Собранието на фестивалот одлучи награда за животно дело да им додели на актерите Сабина Ајрула, Илијаме Билјали и Лилјана Мазова - театарски критичар.