Петок Четврток Среда Вторник Понеделник Недела Сабота Петок
. : English : .
 
 
  НАСЛОВНА
 
 
МАКЕДОНСКИ
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ
"ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ"
ПРИЛЕП


  
 
04.05.2018 Усвоена програмата за 53 МТФ
Собранието на фестивалот ја усвои предложената програма на уметничкиот директор. Во официјалната програма на 53-то издание на фестивалот ќе бидат прикажани 12 претстави: „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ на НУ Македонски народен театар – Скопје, „ЛЕТ НА КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“ на НУ Драмски театар – Скопје, „ДОНИ ДАРК“ на НУ Театар „Комедија“ – Скопје, „ТОАЛЕТ ЗА ДАМИ“ на НУЦК „Ј.Х.К Џинот“ - Театар Велес, „ЖЕНИТЕ“ на НУ Албански театар – Скопје, „КРАЛ ЛИР“ на НУ Турски театар – Скопје, „БОГ НА МАСАКРОТ“ на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип, „ДОКТОР ФАУСТ“ на НУ Народен театар – Битола, „ЦАРОТ ВЛАДИСЛАВ“ на НУЦК „Антон Панов“ - Народен театар – Струмица, „ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ“ на НУ Театар за деца и младинци – Скопје,
„УЖЕГНАТОСТ“ на Независна театарска група АРТОПИЈА - Скопје и „КЛЕТНИЦИ“ на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Фестивалот ќе се одржи во периодот од 8 до 15 јуни 2018.

04.05.2018 Избрани добитниците на награда за животно дело
Собранието на фестивалот одлучи награда за животно дело да им додели на актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов.