Петок Четврток Среда Вторник Понеделник Недела Сабота Петок
. : English : .
 
 
  НАГРАДИ
 
 

Добитник на Наградата за животно дело за 2017 година е

академик Митко МАЏУНКОВ (1943), писател

Оценувачката комисија на 52-от Македонски Театарски Фестивал "Војдан Чернодрински" Прилеп, во состав: Митко МАЏУНКОВ, претседател и членовите Слободан ДЕСПОТОВСКИ и Братислав ДИМИТРОВ ги доделува следните награди:

 1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ се доделува на Филип КОРУНОСКИ за рекламниот материјал од претставата „АНА КОМНЕНА“ во изведба на НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ - Театар Велес.

 2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА се доделува на Олга ПАНГО за кореографија и сценски движења во претставата „ОТЕЛО“ во изведба на Турски театар - Скопје.

 3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА се доделува на Марјан НЕЌАК за музиката во претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип.

 4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА се доделува на Раде ВАСИЛЕВ за костимите во претставата „АНА КОМНЕНА“ во изведба на НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ - Театар Велес.

 5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА се доделува на Емил ПЕТРО за сценографијата во претставата „ФИГУРАЕ ВЕНЕРИС ХИСТОРИАЕ (ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА)“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

 6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА се доделува на Љупчо ЃОРЃИЕВСКИ за драматизацијата на расказот на Живко ЏИНГО во претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип.

 7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ се доделува на Благица СЕКУЛОВСКА за текстот ТРУДНА ПРИКАЗНА во истоимената претстава во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.

 8. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА се доделува на Сања РУСЕСКА за улогата на МИРА во претставата „Hi-Fi“ во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Театар Куманово.

 9. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" се доделува на Стефан ВУЈИСИЌ за улогата на ПОРЦИЈА во претставата „ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ“ во изведба на Драмски театар - Скопје.

10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА се доделува на Ева СКЕНДЕРОВСКА за улогата на НЕДА во претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.

11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА "ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ" се доделува на Жарко ДИМОСКИ за улогата на БОШКО во претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.

12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Јелена ЖУГИЌ за улогата на Д-р КАТА во претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.

13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на Јовица МИХАЈЛОВСКИ за улогата на ШАЈЛОК во претставата „ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ“ во изведба на Драмски театар - Скопје.

14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА се доделува на Љупчо ЃОРЃИЕВСКИ за претставата „ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Театар Штип.

15. НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА и се доделува на претставата „ТРУДНА ПРИКАЗНА“ во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје.

16. НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА се доделува на ансамблот на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за изведба на претставата „ФИГУРАЕ ВЕНЕРИС ХИСТОРИАЕ (ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА)“.