Mobile Classic
 
ЗА ФЕСТИВАЛОТ

МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ "ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ" - ПРИЛЕП

Македонскиот театарски фестивал "Војдан Чернодрински" е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.

Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски / драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма.

Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид Финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија, Локалната самоуправа и од донации и спонзорства.

Уметнички директор на Фестивалот е Катарина Коцевска. Таа ја следи целокупната театарска продукција и предлага концепт за Официјалната и Придружната програма како и останатите содржини на Фестивалот.

Директор на Фестивалот е Катарина Коцевска, актерка.