Mobile Classic
 
ОД УМЕТНИЧКИОТ ДИРЕКТОР
Катарина КОЦЕВСКА

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ НА ТЕАТАРОТ.


НА 53 МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ, ЌЕ ВЕ ПОВЕДЕМЕ НИЗ ПРЕТСТАВИТЕ НА ГОЛЕМО ПАТУВАЊЕ СО СЦЕНСКАТА ТЕАТАРСКА МАГИЈА И ЌЕ ВЕ ДОВЕДЕМЕ ДО АКТЕРИТЕ, ТИЕ ВЕЧНИ ПАТНИЦИ НИЗ ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО.


КАКО КЛЕТНИЦИ НА НИЧИЈА ЗЕМЈА СО ЦАР, КРАЛ И ДОКТОР, ДОДЕКА ДОНИ ЛЕТА НАД ГНЕЗДОТО НА БОГОТ, ЖЕНИТЕ КАКО ДАМИ СВЕТ ГРАДАТ ДО УЖЕГНАТОСТ.


ТЕАТАРОТ Е ЧУДЕСНА КУЌА.

ВО ТЕАТАРОТ НАЈАСНО СЕ ОДВОЈУВА ВИСТИНАТА ОД ЛАГАТА, ДОБРОТО ОД ЛОШОТО, ЉУБОВТА ОД НЕШТО ШТО НЕ Е ЉУБОВ.

ВО ТЕАТАРОТ СУДОТ Е СТРОГ И ПРАВЕДЕН И ИМА НАЈДОБРО МЕРИЛО - АПЛАУЗОТ.

БЕЗ ВАС, САКАНА ПУБЛИКО, НИЕ СМЕ КАКО КНИГА БЕЗ ЧИТАТЕЛ.


КАТАРИНА КОЦЕВСКА
уметнички директор на МТФ "Војдан Чернодрински".