вторник, 31 јануари 2023
Врз основа на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст, објавен денеска од страна на Министерството за култура, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распишува Повик за комисија која ќе ги избере текстовите.
За дополнителни информации може да се обратите на истата електронска адреса.
понеделник, 30 јануари 2023
Водејќи се според статистичките податоци од архивата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, а во прилог на главната платформа на фестивалот „Враќање дома“ и потребата да се афирмира современата македонска драма, заедно со Министерството за култура го објавуваме овој конкурс.
„Низ 56 годишната историја на фестивалот, од 413 претстави што се натпреварувале за наградите, 189 биле инсценирани врз текстовите на македонските автори што значи дека 45,76 отсто од вкупниот натпреварувачки репертоар бил домашен/македонски. Иако стимулирањето на домашната драматика уште во 1965/1966 година било декларирано како една од фестивалските стратегеми, во изминативе педесет години наградата за текст на современата македонска драма била доделена само 27 пати. Или, поинаку, не била доделена на дури 22 фестивали, стекнувајќи се со аура на најнедоделуваната фестивалска награда, воопшто.“ (Лужина, „Проект: Чернодрински“, 2015)
Фестивалот ќе ја избере комисијата.
Сите податоци се на линкот во документот прикачен на истиот.