57 MTF
09 - 16 јуни 2023, Прилеп

За фестивалот

Македонскиот театарски фестивал "Војдан Чернодрински" е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.

Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.

На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски / драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.

Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Локалната самоуправа на Прилеп и од донации и спонзорства.

Раководстовото на фестивалот има извршен одбор и собрание составено од претставници од сите театарски институции во државата. Собранието на фестивалот избира уметнички директор кој ја следи целокупната театарска продукција и предлага концепт за официјалната и придружната програма како и останатите содржини на фестивалот во тековната година.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во официјалната програма.

Loading...