57 MTF
09 - 16 јуни 2023, Прилеп

Награди

Статуетка МТФ "Војдан Чернодрински"

Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ доделува награда за животно дело на истакнати театарски работници.

Селекцијата на претставите во Официјалната програма ја прави уметничкиот директор на фестивалот.

Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма. Оценувањето и одлуката за доделување на наградите ја прави оценувачката комисија (жири) на фестивалот.

Оценувачката комисија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, ги доделува следниве награди:

  1. Награда за рекламен материјал,
  2. Награда за кореографија и сценски движења,
  3. Награда за музика,
  4. Награда за костимографија,
  5. Награда за сценографија,
  6. Награда за современа сценска драматизација,
  7. Награда за текст,
  8. Награда за млад актер „Трајко Чоревски“,
  9. Награда за млада актерка,
  10. Награда за женска епизодна улога,
  11. Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“,
  12. Награда за главна женска улога,
  13. Награда за главна машка улога,
  14. Награда за режија,
  15. Награда за уметничко остварување на претстава во целина.


Повеќе информации наскоро.

Ви благодариме на посетата.

Loading...